Симулација на дипломатски прием за учениците од четврта година се одржа минатата недела во холот на ПСУ „Јахја Кемал“ во Струга. Како најстаро приватно училиште, се трудиме да бидеме пионери во сите новини во образовниот систем, особено од социјалната сфера и неформалното образование, велат од „Јахја Кемал“.
На овој прием, кој е дел од практичната настава во училиштето, учениците се стекнуваат со вештини за организација на формални настани, придржување кон протокол, како и важноста на дипломатијата во секојдневието. На овој настан традиционално учествуваат гости од различни локални и државни институции, но оваа години учениците изразија желба да го поканат одборот на директори од ова училиште.
https://www.fakulteti.mk/news/03012020/simulacija-na-diplomatski-priem-vo-jahja-kemal---struga