MEDIA NEWS

16-ГОДИШНИОТ ТЕТОВЕЦ ОРХАН БАГАШОВ ДИЗАЈНИРА БИОНИЧКА РАКА ЗА ЛИЦАТА СО АМПУТИРАНА ПОДЛАКТИЦА

16-ГОДИШНИОТ ТЕТОВЕЦ ОРХАН БАГАШОВ ДИЗАЈНИРА БИОНИЧКА РАКА ЗА ЛИЦАТА СО АМПУТИРАНА ПОДЛАКТИЦА

Иако има само 16 години, тетовецот Орхан Багашов работи на изработка на бионичка рака наменета за лицата со ампутирана подлактица. Прототипот е речиси при крај и остануваат да се направат уште два прста и да се вградат сензорите за движење. На бионичката рака ѝ претходеше изработка на роботска рака, а на неа, изработка на 3-Д принтер.

„Денешнава напредна технологија, посебно сѐ поголемата употреба на 3-Д принтерите, овозможија изработка на вакви комплицирани предмети и делови. Но, јас не бев задоволен со 3-Д принтери што можеа да се набават на пазарот, па решив да направам еден по моја замисла. Три години работев на неговата изработка и направив принтер кој работи на поинаков принцип од постоечките и многу побрзо. Постоечките 3-Д принтери работаат со xyz оски и кај нив, подвижниот дел се движи горе-долу, лево десно и тие две оски се комбинираат. Мојот принтер се движи со ротирачки оски и тоа му овозможува да печати многу побрзо. Ако на друг принтер му требаат 20 часови да отпечати еден дел, со мојот принтер работата се завршува за 15 часови“, вели младиот Багашов.

Откако го направи својот 3-Д принтер, се зафатил да изработи роботска рака, која треба да биде дел од финалната замисла, а тоа е изработка на голем робот.

„Засега ја имам направено само десната рака од роботот. Мојата првична идеја беше да си направам робот, но најверојатно ќе направам само уште една роботска рака, главата и торзото од роботот, бидејќи за цел робот едноставно немам време. Сите делови за оваа роботска рака се по мои дизајн и нацрт и ги отпечатив на мојот 3-Д принтер, а само електромоторите морав да ги купам. Раката е целосно функционална и се движи во лакотот, шаката и прстите. Роботската рака беше основа да се зафатам за еден, уште посериозен предизвик, а тоа е да направам бионичка рака, која треба да им помогне на лицата со ампутирана подлактица“, појаснува Орхан.

Идејата за бионичка рака се надоврзала на конкурсот на УНИЦЕФ за изнаоѓање дигитално решение за лица со попреченост. За секое одбрано решение, тимот се наградува со 1.000 долари за доработка и усовршување на проектот.

„Изработката на бионичка рака е тимска работа, во која учествуваат уште тројца мои другари од средното училиште ‘Јахја Кемал‘ од Скопје. Овој прототип го направивме за три дена на работилницата што ја одржа УНИЦЕФ. Тео Китановски беше програмер, Борис Ночески ја работеше веб-страницата, Анамарија Илиева беше задолжена за документацијата и презентацијата, а јас бев дизајнерот. За побрзо да оди работата, го однесов и мојот 3-Д принтер. Кога првиот ден кажавме што сакаме да направиме, никој од организаторите не ни веруваше дека тоа е можно. Ни остана да направиме уште два прста, но важно беше да покажеме дека можеме да го направиме тоа. Реално гледано, оваа рака е многу подобро дизајнирана од некои вакви протези кои можат да се најдат кај нас. Ние во раката вградивме шест мотори и таа по својот облик изгледа сосема природно. Сега ни останува да ги вградиме сензорите преку кои лицето ќе може да дава наредби на раката и таа да функционира, односно да се движат шаката и прстите. Со парите кои ги добивме од УНИЦЕФ, треба да направиме уште подобра верзија на раката и тоа во три-четири големини. Се надеваме дека ќе успееме да победиме на локално ниво и да настапиме на глобалниот конкурс, каде од 80 тимови, првите 16 ќе добијат по 20.000 долари“, вели Багашов.

Дека се работи за еден навистина револуционерен дизајн, зборува и податокот дека раката е дизајнирана така што секој кој има 3-Д принтер, може да си ја изработи во домашни услови и самиот да ја состави без претходно да има некакво искуство.

„Раката треба целосно да биде завршена до март идната година. Сакаме да ја тестираме на дете кое има ампутирана подлактица, бидејќи, според нашата замисла, таа ќе биде повеќе наменета за деца и млади. Според нашите пресметки, изработката на една ваква рака би чинела од 150 до 200 евра, а моментално, во продавниците за ортопедски помагала ваква протеза, и тоа со многу послаб квалитет и многу помали функции, чини и до 6.000 евра. Секој ќе може бесплатно од веб-страницата да ги симне плановите и да си направи ваква бионичка рака“.

Орхан Багашов за 3-Д принтерот и за роботската рака има добиено голем број домашни и странски награди за иновација. Но, него не го интересира само роботиката. Досега учествувал и во 20 детски претстави во детскиот и младински аматерски театар во Тетово, а во мај годинава ја доби и главната награда на ДААФ во Кочани.

З. АНДОНОВ


https://sdk.mk/index.php/magazin/16-godishniot-tetovets-orhan-bagashov-dizajnira-bionichka-raka-za-litsata-so-amputirana-podlaktitsa/

Yahya Kemal High School Poster 2024
Yahya Kemal Elementary School Poster 2024

Latest News

YKC Logo Final Vector White Text Web

  • Yahya Kemal Colllege is a school located in Skopje, Republic of North Macedonia, established in November 1996.
  • It was established according to protocols signed between Yahya Kemal secondary schools and the Ministry of Education of the Republic of North Macedonia.
  • The school is named after Yahya Kemal Beyatli, a notable Turkish writer and poet who was born in Skopje.
  • The best Education, Science & Culture website award for 2020.

badge 1st place ykc edu mk

Connect With Us

Contacts

Varsavska br. 23, Karpos - Skopje
+389 (0)70 373 095

Varsavska br. 23, Karpos - Skopje
+389 (0)72 229 030
+389 (0)71 346 820

FAH 106, 1200 Bogovinje - Tetovo
+389 (0)71 386 342

Mislesevski pat bb - Struga
+389 (0)71 346 817

Varsavska br. 23, Karpos - Skopje
+389 (0)71 285 010

Yahya Kemal College
Subscribe to our updates!

Subscribe to our updates!

* required