Во рамки на проектот “Ајде да играме шах:Инклузивни Практики за Одржливо Образование” двата лидерски тимови на партнерите-ПСУ Јахја Кемал од Скопје и ПЧУ Дружба од Софија, Република Бугарија го реализираа вториот пакет проектни активности (ПА2) од истоимениот проект.
Имено, во периодот од 19.11.2024 до 21.11.2024год. нашиот лидерски тим оствари работна посета на партнерското училиште ПЧУ Дружба од Софија, каде целосно го имплементиравме вториот пакет активности и ги постигнавме следните проектни резултати:
- Потпишавме Договор за партнерство помеѓу координаторот на проектот ПСУ Јахја Кемал и ПЧУ Дружба-партнер во проектот.
- Ја доработивме нацрт-верзијата на заедничкиот План за Комуникација и Видливост на проектот;
- Заеднички го доработивме проектниот План за внатрешен мониторинг и евалуација на проектната имплементација.
- Усвоивме конечен и детален План за спроведување на петте пакети проектни активности во рамки на проектот.
- Шаховскиот експерт од ПСУ Јахја Кемал одржа час по училишен шах на учениците од 4 -то одделение во ПЧУ Дружба во Софија.
- Пред одделенските наставници на ПЧУ Дружба од Софија, шаховскиот експерт од ПСУ Јахја Кемал го презентираше нацрт-сценариото на наставниот материјал за изучување на новата шаховска метода наменет за наставници, како и содржината за инклузивниот дигитален шаховски анимиран видео материјал- наменет за ученици
- Шаховскиот експерт исто така спроведе куса презентација за придобивките и предностите на новиот модел за изучување шах, кој ќе биде преведен на 5 јазици (Македонски, Англиски, Албански, Турски и Бугарски).
“Овој проект е финансиран од Европска Унија во рамките на Ерасмус+ програмата, преку Национална Агенција за европски образовни програми на Република Северна Македонија”."